4.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Ердоган: Нема демократија со медиуми

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека со медиумите не е возможна демократија. Како што објави „Хуриет дејли њуз“ тој истакна дека при неговите неодамнешни патувања во САД и во Германија увидел дека дури и најсилните држави денес се управувани од медиумите.

– Видов дека големите земји се управувани од медиумите, а не од нивните лидери. Бидејќи кога разговарав со нив, тие ми кажуваа: Нашите медиуми го кажуваат тоа, нашите медиуми пишуваат за тоа.

А, јас им одговорив: Едноставно заборавете ги медиумите, кажете ми што вели вашиот народ, изјави Ердоган во Анкара по повод почетокот на новата академска година. Тој додаде дека во минатото и со Турција владееле медиумите, но оти сега „Владата е самиот народ“.

– Тоа што за нас е важно е како нашиот народ не оценува. Демократијата ја црпи својата сила од народот. Има демократиија, ако има народ. Со медиумите не е возможна демократија, посочи Ердоган.

Ердоган наведе и дека „во западните медиуми има погрешни информации за Турција“ и поради тоа побара од турските академици да ја поддржат Владата во „кампањата против дезинформациите“.

поврзани објави

Последни објави