13.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Николовски: Заев ќе го победиме на избори

ВМРО-ДПМНЕ денеска по состанокот објави дека резултатот од референдумот не го признаваат и дека го прогласуваат за фалсификат.

– Да упатиме порака до власта да престане со бркање од работа на сите кои се против или не гласале на референдумот, сето тоа го следиме и ќе преземеме мерки, изјави вечерва Николовски.

По состанокот вечерва ВМРО-ДПМНЕ посочија дека битката против Договорот од Преспа ја воделе за зачувување на името, а не за гола власт.

Николовски вели дека Договорот од Преспа е мртво слово на хартија.

Бараат да се формира анкетна комисија, која ќе ги разгледува неправилностите на денот на референдумот. Исто така, бараат разрешување на јавниот обвинител кој замижува пред криминалот на референдумот и избор на нов јавен обвинител на предлог на опозицијата.

Николовски вели ако Заев распише избори ќе го победат.

Побара и техничка влада според пржинскиот модел, побара оставки од Заев, Спасовски и Царовска.

– Се бориме да се зачува името на Македонија, вели Николовски.

Додава дека ќе ги победат на избори и дека Заев ќе си оди од власт.

поврзани објави

Последни објави