13.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

На синоќешниот Извршен на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше Митко Јанчев, Николовски ги објасни причините

Синоќа до доцна во ноќта траеше седницата на Извршниот Комитет на најголемата опозициска партија. За заклучоците кои беа донесени, по завршувањето одговараше потпретседателот Александар Николовски.

На прашање од новинар дали е точно дека ќе разрешат неколку членови од Извршниот Комитет и зошто Митко Јанчев не беше тука, Николовски одговори:

“Извршниот Комитет нема ингеренции да разрешува членови на, тоа е работа на Централниот Комитет. Господинот Јанчев е болен, јас имав можност да искомуницирам со него пред состанокот и му посакувам добро здравје.”

Во однос на тоа дали имаат контрола врз пратениците, Николовски одговори:

Во однос на тоа дали имаме или немаме контрола, ние не ја сфаќаме така ниту политиката, ниту демократијата. Не сметам дека никој брз никого не треба да има контрола, напротив сметам дека во еден демократски процес треба да се носат одлуки во рамки на партија и во рамки на пратеничка група.

Ако имплицирате дали е пратеничката група единствена, ќе ви одговорам дека да, пратеничката група е единствена. Во однос на избори би сакал јасно да посочам, ние целата битка против договорот од Преспа ја водевме за зачувување на уставното име на Република Македонија, не ја водевме за гола власт.

Очигледно Заев го потпишал договорот за да остане на власт, а дошол на власт со ветување некаде дека ќе потпише договор кој што ќе значи преименување на Република Македонија. Ние на тој начин не ги сфаќаме работите и затоа се боревме и се бориме за зачувување на името на Република Македонија и со резултатите од референдумот се изборивме.

Во однос на избори порано или подоцна Заев ќе си оди од власт, но тоа не е најбитно. Најбитно е дека името на Република Македонија после овој референдум е зачувано.

поврзани објави

Последни објави