21.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Богоевски: Можно е вечерва да бидат разрешени и Јанчев, Данев, Рангелова и Богданов

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев, како и останатите пратениците кои гласаа на референдумот, мислам на Драган Данев, Даниела Рангелова, како и членот на ИК Костадин Богданов, можно е да бидат разрешени, изјави Петар Богоевски, разрешениот заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ во интрвју на тв 24, велејќи дека ваквите информации засега се само најави.

Богоевски рече дека ВМРО-ДПМНЕ застранила кон Русија и го напуштила евроатлантскиот курс. Тој излезот од постреферендумската криза го гледа во Собранието.

На синоќешната седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ е разрешен заменик генералниот секретар на партијата, Петар Богојески. Богојески е еден од членовите на партиските тела на ВМРО-ДПМНЕ кој доаѓа од “реформаторите”. Тој имаше различен став од оној на лидерот и партијата и повикуваше масовно да се гласа на референдумот.

Богојески е дел од реформското крило на ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коста Богданов кој за сега останува во ИК на партијата, иако според извори на Телма и тој размислува за оставка.

поврзани објави

Последни објави