21.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Александра Пријовиќ и сопругот открија како ќе се вика бебето

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ кон крајот на јуни запливаа во брачните води и официјално станаа сопруг и сопруга.

Пријовиќ ужива во првите месеци во бременоста, а во март следната година парот ќе стане родители на нивното прво дете, односно момче.

„Не знам каде ќе се породам, дали тука или во Америка. Досега не се огласував во медиумите поради мојата состојба, ова е првпат. Сите интервјуа, изјави се лажни. Не сакам многу да зборувам, тоа е моја интима“, неодамна изјави Пријовиќ за Гранд.

Откако дозна дека е бремена, Александра откажа неколку настапи, а пред 4 дена во Швајцарија го одржа и последниот настап пред да се повлече.

Нејзините фановите коментираа дека никогаш не изгледала поубаво.

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ во март следната година ќе станат родители на нивното прво дете кое е момче.

Пријовиќ беше гостинка во една емисија на Гранд. Александра во емисијата ексклузивно откри дека детето ќе се вика Александар.

– „Името го предложи Филип, а јас со воодушување прифатив“, изјави пејачката.

поврзани објави

Последни објави