25.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Лгбти не се дискриминирајте со сила сами

 

За почеток пред да го искажам својот став во врска со оваа тема сакам да потенцирам дека лично мене апсолутно не ме интересира кој со кого си разменува бакнежчиња и кој со кого се „стиска“ во кревет. Исто така апсолутно не ме интересира дали помеѓу двете вљубени лица ќе им виси нешто помеѓу нозете или ќе му фали „алат“. Затоа поштедете ме од критиките како сум јас хомофоб , бидејќи не сум. Мене лично што ме „забоде“ во очи е оваа конференција и сличните на неа…

Првото прашање ми е :

– Дали кога некој ќе се запишува во средно образование, факултет или ќе земе некој курс, прашуваат каква е Вашата сексуална ориентација?

Второ и сите понатаму:

– Дали некој од вас кога ќе отиде на интервју за работа ве прашува каква е Вашата сексуална ориентација?
– Дали кога ќе побарате здравствено осигурување некој ве прашува каква е вашата сексуална ориентација?
– Дали кога насилникот напаѓа, читај – ве „тепа“ психички или покажува физичка агресија ве прашува каква е Вашата сексуална ориентација?

– Дали воопшто некој некого дискриминира поради личната сексуална ориентација?

Видете јас не знам и не сум слушнала до сега дека некој не бил примен на училиште бидејќи е хомосексуалец. До сега не сум слушнала дека некој не добил здравствено осигурување бидејќи е хомосексуалец, бисексуалец или травестит. Исто така не сум слушнала ниту прочитала дека на интервју за работа освен „кои се вашите квалитети, што имате завршено и какво е вашето искуство, зошто баш нашата компанија“, никој не прашал дали се љубакате со ист пол како вашиот или различен.

Не сакам длабоко да навлегувам затоа дирекно ќе го напишам моето мислење… Другари и другарки хомосексуалци, бисексуалци, травестити, итн. Вие сте тие кои сами се одделувате во општеството како различни и поинакви од хетеросексуалците. Нема потреба од барање никакви, права или одржување на конференции кои верувам чинат многу пари бидејќи дискриминација каква што сакате да ја прикажете нема. Доколку се појави некој (НЕ) човек во општеството и ве малтретира на било каков начин, треба да ви биде јасно дека насилникот е насилник со СИТЕ без разлика каква е сексуалната ориентација на човекот.

Целиот напис прочитајте го ОВДЕ

поврзани објави

Последни објави