25.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Горазд Росоклија: “Татко им” не им дава да организираат предвремени избори

Статус на Горазд Росоклија:

“МЕНЕ ТАТКО МИ НЕ МИ ДАВА ДА СЕ ТЕПАМ

Како деца постојано се тепавме во двобои за позиција во групата. Имаше деца кои не сакаа да се тепаат и нивното оправдување беше: ,,татко ми не ми дава да се тепам“.

Оваа власт, која не можам да ја наречам социјалдемократска бидејќи се без било каква идеологија и целокупното однесување (владеење) им е базирано на личниот интерес, ме потсети на тие деца.

После триумфот на референдумот, триумф на македонскиот народ кој ги отфрли националното предавство и предавниците, власта, ,,социјалдемокративе“ се заканија со предвремени избори.

Се заканија! Денес ,,татко им“ ,,не им дозволува да се тепаат“, т.е. да излезат на предвремени избори.

Таткото е секогаш попаметен, така е и во овој случај, но и кога не е, таткото издава наредби. Беда од карактери, срамот на македонската нацијата.”

поврзани објави

Последни објави