25.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Тијана Дабчевиќ одговори на прашањето за второ дете

Тијана Дапчевиќ е постојано е на релација Србија – Македонија и е ангажирана на сите полиња. Пејачка, водител, актерка, мајка, сопруга, сестра, ќерка, пријателка, се тоа е Дапчевиќ. Постојано е ангажирана и работи на проекти.

Изминатиот период Тијана снимаше спот за песната „Километри“, која ја препеа од Влатко Лозановски. Периодов ќе биде во Македонија каде што ќе ја снима третата сезона на серијата „Преспав“, а наскоро ќе започне и новата сезона на емисијата „Вечер со Тијана“.

Од време на време знае да се појави како член во жирито на „Никогаш не е доцна“. Во интервју за „Блиц“ ја праша Тијана дали има време за семејството, а таа одговори:

„Јас серијата ја снимам еден месец, а другите 11 месеци сум посветена на семејството“, вели македонската пејачка. Тијана и нејзинот сопруг Милан го имат синот Вук, а на прашањето дали Дапчевиќ планира друго дете таа одговори:

„Тоа не може да се планира, тоа кога ќе се случи…сега сестра ми го чека второто дете, момче“, изјави Тијана.

Извор: Вистина

поврзани објави

Последни објави