4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

СДСМ губи еден градоначалник – поднесена неотповиклива оставка

Градоначалникот на општина Ново Село, Боро Стојчев поднесе оставка од функцијата која ја извршуваше. Тој писмено се обратил до Советот на општината, а наведува дека одлуката ја донел од морални причини

Откако штипска апелација пред три дена му ја намали казната затвор од 18 на 6 месеци, од СДСМ рекоа дека е покрената постапка за негово исклучување од партијата и го повикаа да си поднесе оставка од функцијата.

Со ова значи дека тој заминува во политичка пензија, а наскоро треба да се одлучи и кој ќе ја преземе неговата функција. Одлуката ќе падне на Советот на општина Ново Село.

Инаку вчера струмичкиот суд соопшти дека Основното јавно обвинителство побарало активирање на неговата условна казна за дело од 2010 година, злоупотреба во службата. За ова кривично дело во 2015 година Стојчев е осуден на четири години условна казна, односно 2 години затвор ако го повтори делото. Кривичниот совет при струмичкиот суд донел одлука по барањето на Јавното обвинителство, но ќе ја соопшти во понеделник.

поврзани објави

Последни објави