7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Проверете си ги камењата по дома, овој човек потпирал врата со карпа која се испоставило дека вреди богатство

Карпа од 22 килограми што со децении служела за потпирање врата во Мичиген се покажа дека е метеорит вреден 100.000 долари, објави Централниот универзитет во Мичиген.

Мона Сирбеску, професор по геологија на ЦМУ, постојано е замолувана од луѓе да ги испита карпите што ги носат кај неа, но досега ниту една не била карпа од вселената. За изминативе 18 години, според неа, за ниту една од карпите не било потврдено дека е метеорит.

Но, сето тоа се сменило кога била замолена да ја испита неверојатно обликуваната голема карпа што еден човек од Мичиген, кој не сакал да биде именуван, ја чувал изминативе 30 години.

-Можам веднаш да кажам дека ова е нешто посебно, рече Сирбеску.

По тестирањето, таа утврдила дека станува збор за метеорит што се состои од 88,5% железо и 11,5% никел. Со тежина од 22 килограми, тоа е шестото најголемо снимено откритие во Мичиген – чија потенцијална вредност е 100 000 долари.

-Тоа е највредниот примерок што некогаш сум го држела во рацете – и според паричната, но и научната вредност, рече Сирбеску. За двојна верификација, парче од карпата е испратено до Смитсонијан институтот во Вашингтон, каде што беше потврдено дека е всушност метеорит.

поврзани објави

Последни објави