6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Колев: Кај ли ќе ни беше крајот ако децата на функционерите работеа како келнери по бродови, а не во ЕВН

Таки Фити и Бранко Азески на „научна конференција”! Научна?! МАНУ и Стопанската комора на Македонија, демек умот и парите на едно место, длабоко загрижени (среќа наша што се грижат).

Замислете кај ќе ни беше крајот ако децата на функционерите работеа како келнери, по бродови и овоштарници а не во Светска Банка, ЕВН, АМР, ДПМНС и сл.

По умот на ентузијастот Азески, скопската Клиника за гинекологија доби нов економски директор кој доаѓа од редовите на ДУИ бидејќи Владата на почетокот од мандатот вети дека ќе ги укине, или така нешто… Плебсот пак, ентузијастички ги пречека разните апелациски пресуди – една за поранешен премиер и една за градоначалник во оставка, лице и опачина на нашето секојдневие. Добро е што е петок, дури и ние немаме експерти преку викендите!

поврзани објави

Последни објави