11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

На крајот од денот

На крајот од денот..
Само сакам тебе да те видам..
Само сакам тебе да те гушнам..
Само чекам тебе да ти се фрлам..
Или сакам ти да го направиш тоа..
На крајот од денот..
Важно ми е да те погледнам во очи..
Важно ми е да ти кажам како ми помина денот..
Важно ми е да слушнам како ти поминал денот..
Важно ми е да те гледам како се смееш на крајот од денот..
Важно ми е да си до мене после денот..
Каков и да е..
На крајот од денот сакам да се затвориме сами..
Во школката наша..
Наречена спална..
Храмот наш..
Да никогаш не го напуштам..
Да никогаш не го напуштиш..
Да никогаш не излеземе од него..
Колку и да си лута на мене..
Колку и да сум гневен на тебе..
На крајот од денот очите твои сакам да ме галат..
Рацете твои да ме гледаат..
И да ти кажам дека се е ок..
На крајот од денот..
Сакам да заспивам со тебе..
Автор: Златко Ѓоргијоски

поврзани објави

Последни објави