10.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024
Платено политичко рекламирање

Познат идентитетот на напаѓачот кај „Лувр“

Како што пренесуваат француските медиуми, тамошните власти го идентификувале лицето кое што вчера со мачети нападна неколку војници пред влезот на музејот „Лувр“ во Париз, извикувајќи „Алаху акбар“.

Напаѓачот веднаш бил неутрализиран од страна на војниците, а е идентификуван како египетски државјанин. Според информациите кои биле пронајдени, станува збор за 29 годишен египќанец по име Абдула Ел Хамами.

Од обвинителството соопштуваат дека интентитетот на напаѓачот е познат, но се уште не е формално утврден. Истрагата која е во тек ќе треба да ги утврди мотивите за ваков чин.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави