10.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Aлександар Тортевски: За два месеци Груевски би требало да биде во затвор

Адвокатот Александар Тортевски вели дека се надева оти поминало времето на неказнување на функционерите.

Отприлика за некои 20 дена обвинетиот ќе добие покана за почнување на извршување на кривичната санкција и на тоа тој може, односно не може да се жали, односно да бара извршување на кривичната сакнција.

Судот тоа може да го прифати или одбие, а понатаму тој има можност да побара преиспитување на пресудата пред Врховниот суд но тоа е вонреден правен лек кој не го одложува извршувањето на казната.

Ако зборуваме во нормални услови мислам дека за некои два месеци процедурата ќе се заврши и дека ако нема некои вонредни околности, сега веќе осудениот екс премиер Никола Груевски ќе почне со издржување на затворската казна, вели адвокатот Александар Тортевски за Алџезира Балканс коментирајќи ја одлуката на Апелациониот суд кој ја потврди двегодишната затворска казна за екс лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Тортевски додава дека се надева оти времето на неказнување на функцонери останало зад нас.

Целиот негов коментар може да го погледнете и во видето тука.

поврзани објави

Последни објави