Двајца полицајци вработени во затворот во Штип вчера биле уапсени откако зеле пари од затвореници, пренесува порталот МКД.мк.
Според информациите на МКД.мк, станува збор за затворските полицајци Борче Б. и Злате Ш. Полицијата против двајцата поднесе кривична пријава за поткуп. Судија на претходна постапка му одредил притвор на полицаецот Борче Б.
Директорот на затворот, Мики Тодоров, потврди дека има таков случај, но дека МВР в понеделник ќе каже за деталите.
„СВР Штип в понеделник ќе има прес конференција за овој случај. Јас не знам точно до каде е истрагата. Фатени се двајца полицајци што зеле пари од затвореници, а на еден од нив му е одреден притвор. Не знам за колку пари станува збор, а за детали не сакам да зборувам бидејќи сѐ уште не знам во која фаза е истрагата“, изјави Тодоров.
Од МВР велат дека го проверуваат случајот.