3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

ВИДЕО: Аферата за која сите зборуваа тивко, конечно излезе снимка од блиските средби на Бил Клинтон и Моника Левински

На снимката која е стара 20 години се наоѓаат главните актери на тогашната афера, поранешниот претседател Бил Клинтон и Моника Левински како емотивно комуницираат во Белата куќа.

Видеото датира од 1997 година кога и се случи аферата во Белата куќа, а го објави претседателската библиотека или архива, каде се гледа како Бил Клинтон го дава својот неделен радио извештај, а потоа се поздравува со колегите во Овалната соба меѓу кои беше и тогашната практикантка Моника Левински.

Се гледа како Клинтон и Левински разговараат, а потоа прегрнати се сликаат. Оваа фотографија е позната уште од тоа време, но за првпат се појави видео запис.

Библиотеката на Клинтон не даде никаков коментар, а на ЈуТјуб беше објавен по барање и според законот за слобода на медиумите.

Покасно се објави во медиумите дека имале секс афера во Белата куќа и дека биле заедно тој ден кога било направено видеото. Бил Клинтон беше обвинет дека дал лажна изјава за својата врска со Левински, а американскиот сенат никогаш не го осуди.

https://youtu.be/ZoFKPCTucf4

поврзани објави

Последни објави