4.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Претседател на држава со скандалозна изјава: Ќотек со каиш за малите деца може да биде корисен

Во Белорусија се разговараше за потенцијален закон против домашно насилство, но претседателот Александар Лукашенко оваа мерка ја нарече како „западни глупости“ и истакна дека ќотек од родителите за малите деца може да биде „корисно“.

„Тоа се глупости преземени од Западот. Ние ќе продолжиме стриктно според нашите сопствени интереси, нашите белоруски словенски традиции и нашето животно искуство“, истакна Лукашенко.

Претседателот, додава агенцијата „Асошиејтед прес“, рекол дека самиот тој често го казнувал својот најстар син и дека тоа било добра лекција за неговиот помлад син.

Белорускиот лидер честопати зборува против Западот, особено поради одобрувањето на браковите од ист пол. Тој во петокот рече дека „наскоро нема да им останат семејства, бидејќи мажите им се мажат со други мажи“.

поврзани објави

Последни објави