19.8 C
Skopje
Friday, May 9, 2025

Мицкоски ја фрли ракавицата: предлог до Заев за спасување на кризата во Македонија

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја фрли ракавицата кон премиерот Зоран Заев, барајќи од него да се откаже од Договорот со Грција, а дури потоа да се оди на избори, воедно и после изборите да се формира јавно обвинителство, кое ќе го замени СЈО и ќе го продолжи процесот од прислушаните разговори.

„Решението кое го постигнааа е катастофално. Сега само може да се констатра дека Договорот е мртов. Договори Договор без консензус ветувајќи дека ќе исполни нешто што не може да исполни, манипулирајќи ја и меѓународната заедница дека овој договор може да помине. И покрај притисоците, уцените, полнењето кутии, власта не успеа да ги изманпилура граѓаните кои покажаа одговнорност кон својата земја. Вчаста е целосно делегитимирана, Заев веќе нема легитимитет и кредибилитет, неупешниот реферндум е и одговор дека криминалиите не смеат да продолжат. Народот испрати порака дека Заев повеќе не може да биде премиер и треба да се повлече. Нова криза ќе ја доуништи и така кревката економија, а со овие луѓе ќе биде само полошо. Затоа и има две опции: избори, за кои мора да има пржинска влада каква што Заев имаше пред изборите 2016 година и јавен обвинител на предлог на опозицијата, како и анкетна комисија. Власта лажно ме обвинува дека сум барал некаква општа амнестија и сака да ме девалвира мене лично и измискуваат дека намерно сме го кочеле политизираното СЈО. Влегов во поитиката да му служам на народот и поради тоа да созадавам за народот, но и да се борам против криминалот. Ниту сум условувал, сите пратеници имаат должност да ја следат волјата на граѓаните. Втората опција е Заев веднаш да се откаже од Договорот, па потоа на избори“, истакна Мицкоски.

Не е познато како на ова ќе одговори Зоран Заев, дали воопшто ќе размислува за оваа понуда, бидејќи со формирање на ново јавно обвинителство, истото веднаш би можело да започне истраги против актуелната влада.

„Притоа ВМРО-ДПМНЕ после изборите ќе подрржи нова обвинителство, веднаш по завршувањето на СЈО, овојпат јавен обвинител со консензус кој вистинкси ќе се бори против криминалот, но и да ги доспита прислшуваните материјали, како и криминалите на оваа влада. Стојам овде и велам ајде да ставиме крај на криминалот и вистински да се бориме против него и да ставиме крај на сомнежите за криминал. Еве шанса оваа Влада да докаже дека вистински е против криминалот“, заврши Мицкоски.

поврзани објави

     

Последни објави