19.8 C
Skopje
Friday, May 9, 2025

Лепа Брена прв пат јавно проговори за неверствата на Боба

Лепа Брена не зборува често за приватноста, а сега прозборе за неверството на Боба.

– „Во денешно време не е толку важно неверството. Важно е да не ве издадат.

Денес, суштински е важно некој да не ве изневери во животот, а некои глупости кои се зборуваат по естрадата и што е интерсно за медиумите, тоа не сакам да го коментирам,вели Брена за „Свет“.

Лепа Брена проговори за односите со нејзиниот сопруг и истакна колку и значат миговите поминати со своите другарки.

-Гледам да гпо усогласам времето и да бидам доволно и со него но и со моите другарки. Мислам дека најголема грешка во бракот е да се нема слобода и доверба еден во друг. Тешко е кога сте со некој во брак и со деца да поминувате со нив 24 часа дневно и 365 денови во годината. Имаме слобода кој кога сака да си излезе со своето друштво- рекла Брена.

Нивниот брак трае веќе 25 години а за магазинот „Хелоу„ таа открила и неколку детали од нивната свадба.

-Нашата венчавка по многу работи беше поразлична од сите останати, поради тоа што за прв пат имаше толку големо исчекување за некоја свадба и беше прва венчавка која се емитуваше на малите екрани под име „Во име на љубовта„. Се сеќавам како луѓето коментираа дека многу е важно што јас прва го нагазив Боба, а не тој мене. Тоа е само еден симпатичен обичај, кој во бракот нема никаква врска. На нашата свадба имаше гости од целиот свет, Боба нарача кавијар од Шведска, шампањот пристигна од Лондон а розе вино од Шпанија. Постои податок дека гостите во првиот саат време од свадбата испиле 300 литра од тоа вино- открила Брена.

Прославениот тенисер Боба Живојиновиќ призна дека во текот на бракот со Лепа Брена не им цветале ружи секогаш и дека пребродиле бројни кризи и лоши моменти, посебно во првите години од нивната романса.

Сопругот на Лепа Брена раскажа дека не му било лесно, но на крајот сепак успеале да останат заедно:

-Имаше кризи, посебно во стартот имаше искри, зошто кога некого страсно сакаш и си почнала да се забавуваш, тогаш очекуваш таа личност да биде со тебе цело време, 365 дена во годината, 24 часа дневно. Бидејќи се случуваше поради деловни обврски да не се гледаме и по неколку недели, не ни беше лесно. И тоа беше клучен проблем, но успеавме да ја зачуваме љубовта, раскажа Боба за магазинот „Глорија“.

поврзани објави

     

Последни објави