6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

За гласањето за уставни промени: Кои пратеници добиле закани по живот и животот на нивните деца?

Веќе неколку денови дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат разговори со своите колеги од СДСМ и ДУИ, во обид да изнајдат заеднички јазик и да гласаат за уставни промени, односно да го поддржат договорот со Грција за промена на уставното име.

Како што пренесува порталот САКАМДАКАЖАМ.мк, дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се жалеле дека добиваат заканувачки пораки преку СМС, вибер и воцап, каде меѓудругото се споменуваат и нивните деца.

За ова веќе се запознаени и амбасадорите на повеќето држави, кои исто така го поддржаа Договорот со Грција. Наводно, поради недоверба во МВР и во Обвинителството дека ќе им пружат соодветна заштита, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ засега не ги пријавуваат заканите, иако и тоа не може со сигурност да се потврди, оти некои од нив тоа го прават по заобиколен пат, најчесто преку претставниците на амбасадите на западните земји.

Како што пишува истиот портал, до вчера за обезбедување на 2/3 мнозинсто недостигале уште три гласови. Секако, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои би гласале за уставни промени, инсистираат гласањето да биде тајно.

поврзани објави

Последни објави