Денес, понеделник ќе бидат познати многу работи околу политичката насока во која ќе се движи Македонија. Најдоцна до среда треба да биде познато дали пратениците во Собрание ќе ги изгласаат уставните промени или ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори.
Она што е актуелно во моментот, е како ќе гласаат односно дали воопшто ќе гласаат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, без кои е невозможно да се оствари двотретинско мнозинство.
Веб-порталот СДК.мк пренесува дека недостигаат уште тројца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, да се дојде до бројката од 80 пратеници кои ќе гласаат „ЗА“ уставни промени.
Тоа значи дека дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат „ЗА“, но нивните колеги, кои се силно против Договорот со Грција, им спремаат пеколна замка, од која тешко ќе можат да се извлечат нивните колеги.
Наводно, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои ќе го поддржат Договорот, ќе го сторат тоа само доколку гласањето е тајно, но да не ризикуваат, групата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ најавува дека непосредно пред да започне гласањето, тие ќе ја напуштат собраниската сала, при што ќе се види кои од пратениците ќе останат внатре.
Во таков случај, веројатно и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои би требало да гласаат за промена на уставни измени, ќе им се придружат на колегите и ќе ја напуштат салата, при што ќе се загуби двотретинското мнозинство.
Доколку се случи сето тоа, ќе дојде до распишување на предвремени парламентарни избори.