Светските медиуми шокирани од бруталното убиство на бугарската новинарка Викторија Маринова, пишуваа бугарските медиуми.
Така, тие го пренесуваат Гардијан кој освен информацијата за убиството во Русе, ја пренесува и реакцијата на ОБСЕ, односно на наследникот на Дуња Мијатовиќ, Харлем Дизер.
Бугарските медиуми пренесуваат дека реагирал и Би-Би-Си.
Телото на новинарката од Русе беше пронајдено вчера. Викторија Маринова била брутално претепана и силувана, а потоа задушена. Жената била и административен директор на Русе ТВ.
Во единствената епизода на емисијата „Детектор“, која неодамна ја презеде Викторија, новинарката зборува за корупција и злоупотреба на фондовите на ЕУ.
Во моментов нема доволно докази за да потврдат дека грозоморното дело е извршено поради епизоди на емисијата, но верзијата не се исклучува од истражните органи.