Во текот на вчершаниот ден во село Светомитрани, во близина на Крушево се случило убиство во локална продавница.
Според наводите во 09.00 часот во Крушево во с.Светомитрани, во колонијална продавница вработената М.П. (34) по кратка расправија, со ловна пушка испукала два истрели во пределот на градите на Н.Д. (44) од истото село, по што истиот починал на самото место.
Вработениот М. П. била приведена во полициска станица. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и екипа од ПС-Крушево.