Моника Ристеска, односно Конопова како што самата се претставува, ноќва ќе ја помине во Полициската станица Автокоманда. Полицијата изутрунава вршеше претрес во нејзинот дом, а подоцна беше и приведена.
Дежурен јавен обвинител одлучи да ја лиши од слобода Моника Ристеска. Таа утре околу пладне, заедно со уште едно лице ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1.
Моника Ристеска е еден од најактивните активисти за легализација на канабисот.