Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил сподели видео, во кое порачува: „Пртеници, време е!“, алудирајќи на пратениците дека сега е моментот да одлучат дали ќе гласаат за уставни промени или не.
„Сите пратеници имаат историска должност пред граѓаните да го обезбедат патот на Македонија кон стабилност и економски просперитет. Тоа е патот кон НАТО и ЕУ кој води преку македонско-грчкиот договор.“, стои во објавата.
Деновите кои се пред нас ќе бидат клучни во преговорите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ од едната страна и ДУИ и СДСМ од другата. Владејачките партии ќе се обидат да ги убедат опозициските пратениците да гласаат во собранието за уставни промени.
Дали оваа објава на Заев алудира дека веќе има договор, останува да видиме.
Сите пратеници имаат историска должност пред граѓаните да го обезбедат патот на Македонија кон стабилност и економски просперитет. Тоа е патот кон НАТО и ЕУ кој води преку македонско-грчкиот договор.
Posted by Zoran Zaev on Monday, October 8, 2018