Битолската општина денеска на прес-конференција соопшти дека од ЈСП Скопје добиле три автобуси за превоз на патници. Општината овие автобуси ќе ги има на располагање шест месеци, а ќе се користат според потребите.
Битолчани на социјалните мрежи остро реагираат што „кршот од Скопје, кој не исполнува никакви еколошки стандарди, се транспортира во Битола“.
Нека ги труе битолчани, како да не е доволно загаден воздухот сега – реагираат тие.
Поголема дискриминација и понижување здравје. Јас да сум не го примам – коментира битолчанец.