7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Германката пресече остро: Ангела Меркел со јасна порака до Зоран Заев и иднината на Македонија

Германската канцеларка Ангела Меркел преку писмо му се обрати на премиерот Зоран Заев, воедно и на македонската нација, на која и испрати порака со која многумина треба да се замислат.

„На 30 септември огромно мнозинство од над 90 отсто од оние кои учествуваа на референдумот гласаа „за“ Договорот со Грција. Договорот нуди шанса за историски договор и зајакнување на односите меѓу двете земји. Тој исто така ја отстранува клучната пречка за приближување на земјата кон ЕУ и НАТО. Сега е клучно да се преземат многу важни чекори за имплементација на Договорот за името со усвојување на неопходните уставни амандмани. Ќе продолжам да соработувам со вас за остварување на оваа цел“, стои во писмото кое Меркел му го пратила на Заев.

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во интервју за австрискиот весник „Стандард“ вели дека е запознаен со закани од страна на опозицијата против пратеници кои сакаат да ја напуштат партиската линија и да го поддржат Договорот со Грција во Собранието.

Тој од ВМРО-ДПМНЕ побара да се откаже од, како што вели, деструктивниот пристап, и интересите на земјата и граѓаните да ги стави пред партиските. Хан смета дека партијата целосно ќе ја сноси одговорноста за затворањето на вратите на ЕУ за Македонија, ако не помине Договорот.

поврзани објави

Последни објави