Српските медиуми го објавија идентитетот на загинатите во страшната несреќа каква што регионот не памети, на патот Белград-Ниш.
Починати се судијката од Апелационен суд Сузана Виданович, заедно со сопругот Миле, кои зеле слободен ден од работа за да одат на лекар. Тие зад себе оставија две деца, ќерка и син.
Загинати се и 32-годишната Марија Чајетина од Белград, Патрик јан од Белград (1983), и двајцата македонски државјани, Бурим Д и Љуљдим Р. (1981). Загинал и возачот на камионот кој се судри, Пеџа Антонијевиќ.
Повредени се и 32 лица, а несреќата според првичните податоци се случила поради густа магла.