Ожалостената Џесика Пејџет во венчаница со спуштена глава клечеше пред гробот на својот свршеник на денот кога требаше да се венчаат.
Фотографиите кои ќе ви го скршат срцето се направен на 19. септември, на денот кога требало да се случи и официјално судбоносното „да“. Наместо тоа, сега таа плачеше над мермерната плоча од гробот на несудениот сопруг Кендли Марфи.
„Сакав да сум денес таму каде што е тој“ изјави девојката од Индиана.
Венчањето никогаш и не се одржа бидејќи Кендли загина во сообрќајна несреќа која ја предизвика пијан возач минатата година во ноември.