4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

(ВИДЕО) Трамп добива нов силен удар, најблиската соработничка цело време му играла нечесно зад грб?

Поранешниот амбасадор на САД во Израел Ден Шапиро изјави дека американската амбасадорка во ОН во заминување Ники Хејли планира да се кандидира за претседателка на САД.

Ники Хејли планира да се кандидира за претседателка, можеби не во 2020, но тогаш во 2024. Таа стекна доволно голема репутација да го надмине (претседателот на САД Доналд) Трамп и неговите скандали“, изјави Шапиро за израелското воено радио. Хејли меѓутоа демантираше дека има какви било планови за кандидатура за таа функција.

Израелските медиуми истакнуваат дека Белата куќа не даде никакво објаснување за нејзината ненадејна постапка, објавена вчера, освен дека по две години работа во Обединетите нации сака да замине.

Хејли, мајка на две деца кои се на факултет, наводно му кажала на Трамп дека е на јавна функција 14 години и дека сака „одмор“ за да заработи повеќе пари во приватниот сектор.

Откако Ники Хејли е амбасадорка на САД во ОН, Трамп реши да ја пресели американската амбасада од Тела Авив во Ерусалим, значително ја намали американската помош на Палестинците и ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран, на кој Израел остро се противи.

поврзани објави

Последни објави