Двојниот руски шампион Хабиб Нурмагомедов стапи во брак во 2013 година. Меѓутоа, религиските уверувања не му дозволуваат сопругата да ја покажува во јавност, дури и лицето на фотографијата од свадба ѝ е прекриено со непроѕирен вел.
Религиските убедувања на Хабиб се засноваат на сунитскиот ислам кој е најголем огранок на оваа религија. Имено, сунитските муслима се верници според чии убедувања жената „мора да се учи на мир со покорност, на жената не ѝ е допуптено да биде учител ниту да владее со мажот, туку да биде мирна“.
Од наведените причини сопругата на Хабиб е покриена од очите на јавноста, па дури и од очите на случајните минувачи и соседи. Единствено е достапна за неговите очи.
Иако повеќето сметаат дека Хабиб ја крие сопругата, тоа е само заради неговите религиски убедувања според кои таа не смее да го покажува лицето.