Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, воедно и претседателка на Унијата на жени, Даниела Рагенлова поминала низ пекол за кој не знае дали бил спонтана реакција на граѓани или оркестриран напад вез неа.
Во врска со поставеноста на ВМРО-ДПМНЕ кон западните сојузници а во врска со референдумот и уставните промени таа вели дека „Изолирана партија е партија без иднина”.
„По гласањето, јас и моите колеги бевме изложени на невиден притисок, омаловажувања, понижувања и закани по животот во јавноста преку социјалните мрежи, за кои сакам да останат избледнети спомени, кои ќе бидат заборавени во минатото“, вели во разговор за Призма, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.
Актуелната претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ најмногу го привлече вниманието со излегувањето да гласа на референдумот. Таа изјави дека гласала „против“ на референдумското прашање.
„Јас со крената глава и достоинствено на референдумот гласав „против“ Преспанскиот договор и тоа е во рамки на партискиот став на ВМРО-ДПМНЕ – секој да одлучи по сопствено убедување. Јас дејствувам транспарентно во партијата и за мојот став дека сум против апстиненција или бојкот го информирав извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и не се каам поради тоа. Прашањето за името е натпартиско и за него треба да одлучуваат единствено граѓаните на Република Македонија, на референдум, затоа што само на тој начин ќе имавме јасна слика за волјата на граѓаните, дали сме „за“ или „против“. Но, за жал, по гласањето, јас и моите колеги бевме изложени на невиден притисок, омаловажувања, понижувања и закани по животот во јавноста преку социјалните мрежи, за кои сакам да останат избледнети спомени, кои ќе бидат заборавени во минатото“, додава Рангелова.
Целото интервју на Рангелова за Призма на овој ЛИНК.