6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Најнови детали за сообраќајката во Австрија: Двајца патници од македонскиот автобус се борат за живот

Тешка сообраќајка се случи утринава во 6 часот во Австрија на автопатот Линц. Во сообраќајката учествувале македонски автобус и товарен камион. Во автобусот имало 18 македонски државјани, од кои 2 лица се потешко повредени, но не се во животна опасност и 6 лица се полесно повредени, соопштуваат од МНР за Пресс24 .

Нема детали за името на компанијата и превозникот на автобусот.

Засега е потврден само бројот на повредените, но не и деталите како дошло до несреќата и која компанија ги превезувала патниците.

Според австриските медиуми, по сударот, камионот, кој бил натоварен со дрва, се превртела кабината, а возачот останал заробен. Повредениот возач бил пренесен со хеликоптер во болница.

Целосен извештај за собраќајката ќе биде даден по завршувањето на увидот.

поврзани објави

Последни објави