На социјалните мрежи често може да се забележи грешката односно нераспознавањето на два различни термини помеѓу публиката. Што всушност е „селанец“, а што „селјак“.
Една фотографија, многу лесно може да ја ви ја разреши целата дилема, а воедно во иднина да внимавате и како и кога ќе ги употребувате овие два збора.
Селанец е човек од село, кој може да вози трактор, но и знае како е да се биде културен и да се однесува според правилата, додека селјак може да биде секој човек, кој не знае да ги почитува правилата односно верува дека е „над сите“.
На фотографијата подолу сликовите и многу јасно е обележана разликата помеѓу селанец и селјак.