14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Шилегов: Бидете трпеливи, се работи за изнаоѓање решение, наскоро ќе има Влада

Петре Шилегов во низа прашања од страна на новинарите, даде одговори за идните планови на СДСМ, преговорите со ДУИ за составување на Влада, дали и кога ќе има средба Заев – Ахмети.

Шилегов не сакаше многу да открие, пред се повикуваше на трпение од страна на новинарите во добивање на нови информации, но исто така и порача дека за неколку денови би можело да се очекува нова Влада.

Иако членот на Извршен одбор не даде конкретен одговор на прашањето дали веќе се водат преговори со ДУИ, од неофицијални избори со кои располага Поглед.мк, составувањето на новата Влада е речиси договорено и потребни се уште некои мали корекции, кои ќе се случат во текот на следните три денови.

поврзани објави

Последни објави