3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

(ВИДЕО) Доктор кој работи во чудни услови: За операција користи авто делови и јадици, со кои спасил илјадници животи

Докторот Еван Атар Адахар (52) од Јужен Судан е вистински јунак, бидејќи води болница во една од најопасните места на Земјата. Тој работи во исклучително тешки услови, никогаш не му било лесно да ја обавува својата работа и да пронаоѓа разни начини за да им го спаси животот на луѓето.

Нема ниту анестетици, ниту рентген, струјата се исклучува на секој час, а на пациентите им помага со импровизирана опрема, како авто делови и јадици за ловење риба.

Неделно успева да направи повеќе од 50 операции и претставува последна надеж за повеќе од 200.000 луѓе во овој регион, кој е погоден од војната.

Докторот своето семејство го гледа три пати годишно (тие живеат во Најроби во Кенија) и спие во шатор во болничкиот комплекс.

„Го викнав семејството да дојде и да види што работам. Кога сопругата виде што се случува, рече дека нашата работа е права жртва“, рекол хуманитарецот, кој веќе седум години спасува животи на најкреативен начин, во најлоши услови.

Овој лекар вчера добил награда од страна на „UN“, која ја доделуваат на луѓе кои им помагаат на оние кои бегаат од прогон. Зборувајќи од канцеларијата на „UN“, во Швајцарија, рекол дека нема намера да ја напушти оваа работа и покрај ризиците.

поврзани објави

Последни објави