6.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Акциите на МВР не прекинуваат: приведени 9 личности – државјани на Албанија и Србија

Во неколку контроли во изминатите 48 часа од страна на службеници на СВР Тетово, во неколку угостителски објекти биле пронајдени 16 девојки кои ги забавувале гостите. Од нив седум биле од Македонија, пет од Албанија, додека четири биле од Србија.

„Во периодот од 22.00 часот на 10.10.2018 година до 02.00 часот на 11.10.2018 година полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект во село Горно Седларце, лоциран покрај автопатот Тетово – Гостивар, сопственост на Н.Ш.(42) од Тетово. Притоа, во објектот биле затекнати 10 девојки (пет од Република Македонија и пет од Република Албанија) кои ги забавувале гостите. Странските државјанки биле приведени во Полициската станица Тетово за натамошна постапка“, стои во првото соопштение од СВР Тетово.

Во ист момент се одвивала акција и на друг локал, каде исто така се забележани неправилност, при што службениците реагирале согласно своите овластувања.

„Во периодот од 00.50 часот до 02.00 часот на 11.10.2018 година полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект во Тетово, лоциран покрај регионалниот пат Тетово – Желино, сопственост на А.Х.(46) од Тетово. Притоа, во објектот биле затекнати шест девојки(две од Република Македонија и четири од Република Србија) кои ги забавувале гостите. Странските државјанки биле приведени во Полициската станица Тетово за натамошна постапка“, се вели во соопштнието на МВР.

поврзани објави

Последни објави