4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Романскиот премиер по масовните протести: Ја повлекуваме одлуката, не може да дозволиме да се поделиме на две!

Откако над 250. 000 луѓе четврта ноќ по ред протестираа во Романија против одлуката односно декретот за ублажување на прописите за сузбивање на корупцијата, премиерот Сорин Гринденау изјави дека во текот на утрешниот ден, таквата одлука ќе биде повлечена.

Претходно, владата на Романија беше повикана од ЕУ, да ја преиспита својата одлука, бидејќи би можела да влијае на средствата кои што Романија ги добива од ЕУ.

„Не сакам да ја поделам Романија. Не може да дозволиме да се поделиме на две“ изјави романскиот премиер Гринденау во телевизиско обраќање.

Уредбата која требаше да стапи на сила, предвидуваше нацрт закон за помилување на осудени лица и овозможување на  декриминализација на корупција до 44.000 евра, но сепак владата попушти пред притисокот на граѓаните кои секојдневно масовно протестираа.

поврзани објави

Последни објави