Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во гостување на емисијата Клик-плус на ТВ21, откри нови скандалозни одлуки, кои ги правеле претходните власти.
Како што информираше тој, биле откриени 40 вработени лица со фалсификувани дипломи, а дел од нив напредувале и доста високо во структурите на МВР. Сите добиле отказни решенија и кривични пријави.
„До сега беа откриени преку 40 лица вработени во МВР со фалсификувани дипломи. Овие лице стигнале и до значајна функција во МВР, но по откривањето добија отказни решенија и кривични пријави. А кривични пријави беа поднесени и до факултетите кои ги издале тие дипломи“, изјави Спасовски.
До сега беа откриени преку 40 лица вработени во МВР со фалсификувани дипломи.
До сега беа откриени преку 40 лица вработени во МВР со фалсификувани дипломи. Овие лице стигнале и до значајна функција во МВР, но по откривањето добија отказни решенија и кривични пријави. А кривични пријави беа поднесени и до факултетите кои ги издале тие дипломи.
Posted by Министерство за внатрешни работи on Thursday, October 11, 2018
Прашан дали досега некој од пратениците пријавил закани околу донесувањето на предлогот од Владата за уставните измени, вели дека ниту еден пратеник нема пријавено какво било кршење на законот.