-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Мјузикл во ЧЕСТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ или шанса за ЛЕСНА ЗАРАБОТКА?!

На 10. март на сцената на Македонската опера и балет, ќе се одржи мјузиклот „Тајно моја“, кој ќе биде посветен на македонската музичка легенда Тоше Проески.

Манифестацијата ќе биде од висок карактер, учество ќе земат целиот ансамбал, оркестрот, хорот, балетот при МОБ, детскиот хор „Фалесто“, додека самиот мјузикл „Тајно моја“ ќе биде прикажан со две млади личности, кои живеат во времето кога Проески ги прави своите најголеми успеси.

Аранжманите на новите песни ги создадоа Сони Петровски и Кокан Димушевски. Главните ликови ќе ги толкуваат Антонија Гиговска и Денис Димоски, а помеѓу ликовите, меѓу другите ќе се појават уште Весна Петрушевска и Игор Џамбазов.

МЈУЗИКЛОТ „ТАЈНО МОЈА“ Е ВО ЧЕСТ НА ТОШЕ, НО ДАЛИ ТОЈ ЌЕ СЕ ГОРДЕЕ СО ТОА?

Одбележувањето на ликот и делото на Тоше Проески е оправдано во целина, но по објавувањето на дел од постапката околу Мјузиклот „Тајно моја“, се поставува главното прашање – Ќе се гордееше ли Тоше Проески со една ваква манифестација.

Од Македонска опера и балет информираа дека цената за влезниците ќе биде 1.200 денари, што веднаш наиде на огромен револт кај поголемиот број од фановите на Проески, кои потенцираат дека тој никогаш не направил концерт, со карта поскапа од 300 денари. Многумина се сеќаваат и како секој негов концерт беше со хуманитарна цел, за да им се помогне на оние на кои им е најпотребно.

Парите од влезниците кои ќе ги добие МОБ не е познато каде ќе завршат, веројатно и сосема оправдано е дел од нив да добијат сите луѓе кои директно или индиректно се вклучени во Мјузиклот „Тајно моја“, но прашање е каде ќе заврши останатиот дел од парите?!

поврзани објави

Последни објави