6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Марин не знае што да прави, па ќе ги стави граѓаните да учествуваат во урбанистичкото планирање на општината

Градоначалникот на Аеродром Златко Марин иницира формирање партиципативно тело во кое претставници од месните заедници, здруженија на граѓани и стручни лица од областа на урбанизмот директно ќе учествуваат во урбанистичкото планирање на општината.

– На овој начин заеднички ќе ги штитме интересите на жителите на Аеродром, рече градоначалникот Марин на денешната вонредна седница на Советот на Општина Аеродром, одржана на негово барање. На седницата се разгледуваше носењето на ДУП И10, со посебен осврт на парцелата кај Мајчин дом.

Марин издаде решение за привремено стопирање на градежните активности. Општина Аеродром, како што рече, активно работи на изнаоѓање трајно решение во врска со изградбата на зградата кај Мајчин дом и ги продолжува разговорите со инвеститорот, Град Скопје и со останатите надлежни институции и засегнати страни.

  1. – Пред повеќе од една година, кога претходното општинско раководство, предводено од ВМРО-ДПМНЕ го донесе спорниот ДУП И10, јас цврсто застанав на страната на граѓаните. Заедно со нив ја почнавме борбата за зачувување на зеленилото пред Мајчин дом. И денеска сум на страната на граѓаните и заеднички бараме решение на проблемите што ги создаде ВМРО-ДПМНЕ, рече Марин.

поврзани објави

Последни објави