17.8 C
Skopje
четврток, октомври 23, 2025
spot_img

Изјава на Тони Михајловски околу пазарењата пратеници по ИК на ВМРО-ДПМНЕ

spot_img

Синоќа се одржа седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, по која изјава за ТВ 24 даде Тони Михајловски кој рече дека ставот за уставните измени останува ист.

-За уставните измени има став, пратеничката група е целосно на една страна. За сега нема пазарања, притисоците остануваат. Разговараме за предвремените избори, за можни понатамошни проекции. Немаше ништо спектакуларно како што очекуваше јавноста, рече Михајловски.

Пред извршниот, изјава за медиумите даде и Трајко Славевски:

– Првото прашање е подготовка на партиската инфраструктура, кое е почнато. Второто е  подготовка на иновативната програма  со која ВМРО-ДПМНЕ ќе  настапи на  вонредните парламентарни избори макар тие да се одржат за месец и пол од овој момент.

Ние сме во завршна фаза на подготовката на програмата. Има многу новини, проритет повторно е економскиот раст, мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните, изјави Славески.

поврзани објави

         

Последни објави