6.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Пратеник од власта: Можете да ми се фатите и тоа само ако рацете ви се измиени со Билјана прашок

Ај да си знаете де….Тие не можат толку да ме изнервираат колку што јас можам да издржам. Забораваат една многу важна работа а таа е следната:

За разлика од многумина јас едноставно немам што да се срамам а за што секојдневно одредени БИТАНГИ имаат желба да ме удават во капка вода.

Но, сакам да ви кажам дека СЛОН ОД КОМАРЕЦ НЕ СЕ ПЛАШИ…БЕДЕН Е СЕКОЈ ОНОЈ КОЈ КЕ СЕ ОБиДЕ ДА ГО ПОНИЖИ ДРУГИОТ САМО ЗА ДА СЕ ИЗДИГНЕ СЕБЕСИ, напиша на Фејсбук пратеникот Чедомир Саздовски без да прецизира кому му се обраќа.

Саздовски во 2013 година замина од СДСМ и стана пратеник на ГРОМ на Стевче Јакимовски а лани повторно се врати во матичната партија откако дојде на власт.

Погоре кажаното според него “во превод на нивниот јазик (начин на изразувзње) се вика КОПУК…”

“А вие што секојдневно ме тормозите, плукате, р’кате, понижувате…..АЛОООО, ГРЕШНА ВИ Е АДРЕСАТА, МЕНЕ НЕ МЕ ПЛАШИТЕ СО НИШТО АМА МОЖЕТЕ НЕСТО ДРУГО ДА СТОРИТЕ А ТОА Е …МОЖЕТЕ ЗА *урац да ми се фатите само под еден услов, односно ако ви се миени рацете со БИЛЈАНА ПРАШОК ОД ОХИС…

Ете толку од мене, колку да си знаете ДЕ…ШУПАЦИ ОД СИТЕ СОРТИ”, напиша Саздовски на денот кога уставната комисија на собранието одлучи уатавните измени да одат на пленарна расправа.

Извор: Експрес

поврзани објави

Последни објави