13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Зоран Заев: Постигнат е добар договор – добиваат сите

Под наслов „Потребна е политика, а не нови граници“, на насловната страница, викенд изданието на грчкиот весник „Та неа“ го пренесува интервјуто со македонскиот премиер Зоран Заев.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во опширното интервју премиерот Заев вели дека не постои подобар договор од актуелниот, изразува надеж дека пратениците ќе ја почитуваат волјата на граѓаните кои гласаа на референдумот.

Потенцира дека е време Балканот од буре барут да стане извор на стабилност, а говори и за текот на преговорите, но и упатува порака до Грција дека сега имаме можност за историски успех како инвестиција за иднината.

Во пресрет на гласањето за уставните измени, премиерот вели дека исполнувањето на визијата за иднината на земјата, поддржана од мнозинството граѓани на референдумот, сега е во рацете на секој член на Собранието.

– Сите членови на Собранието, независно од нивната политичка поставеност, имаат историски долг во име на граѓаните да го обезбедат патот на земјата кон стабилност, безбедност и економски просперитет. Тоа е патот кон ЕУ и НАТО што поминува преку Договорот од Преспа. Очекуваме од членовите на нашето Собрание да донесат одлука во оваа насока, како доказ дека ја почитуваат волјата како на граѓаните кои гласаа на референдумот, така и на околу 80% од граѓаните кои одобруваат и континуирано бараат интеграција на нашата земја во НАТО и ЕУ, вели Заев и објаснува дека ако „пратениците од ВМРО-ДПМНЕ продолжат да одбиваат да преземат одговорност и останат на нивните позиции кои што се закана за иднината на земјата, тогаш парламентарното мнозинство ќе гласа за предвремени избори“.

поврзани објави

Последни објави