14.8 C
Skopje
Sunday, October 6, 2024

(ВИДЕО) Тврди дека доаѓа од Марс и објаснува како е таму: Високи се 215 см, дишат јаглерод диоксид

Момчето кое стана познато по тоа што само со неколку месеци старост пишуваше и течно зборуваше, сега има 21 година и тврди дека е Марсовец и дека повторно се родил на Земјата.

Боришка Кипријанов вели дека во претходниот живот живеел на Марс додека не почнала војна која уништила се.

Неговите родители тврдат дека зборувал за вонземни цивилизации откако бил мало дете покрај тоа што никогаш не му зборувале за тоа, ниту му покажувале слични содржини.

Боришка вели дека додека бил на Марс бил пилот и доаѓал на Земјата при што воспоставил контакт со Египќаните. Тој предвидува дека животот на Земјата ќе се промени кога ќе се отклучи Голмеата пирамида користејќи го механизмот кој се наоѓа зад увото на Сфингата.

Тој живее во Волгоград, а неговата појава предизвикува големо внимание меѓу теоретичарите на заговори кои не ја отфрлаат неговата приказна. Кога го испрашувале за животот на Марс тој рекол дека Марсовците стареат до 35 години и потоа се бесмртни. Сепак, една голема катастрофа го збришала животот на Марс – нуклеарна војна.

„Не се плашиме од смртта затоа што живееме вечно. Се случи голема катастрофа додека живеев на Марс. Луѓе како што сум јас сè уште живеат на Марс, но под земја. Изби нуклеарна војна. Се изгоре. Само неколкумина останаа. Изградија засолништа и направија ново оружје“.

Вели дека Марсовците се високи во просек 215 см и дека може да дишат на јаглерод диоксид, и дека во моментот живеат на Марс, но под земја. Исто така, технолошки се многу понапредни од нас и можат да патуваат во други галаксии.

Мајката на Боришка тврди дека нејзиниот син можел да чита со само неколку месеци. До првата година читал наслови од весници, а до две години почнал да црта.

„Никој ништо не го учеше. Кога беше мал, ќе седнеше, ќе ги скрстеше нозете и ќе ни раскажуваше за Марс, планетарните системи и други цивилизации“, вели таа.

поврзани објави

Последни објави