9.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Утре блокади и протести за време на собраниската седница за уставни измени

Здружението на граѓани “Преродба” за утре најави протести и блокади пред македонското Собрание за, како што велат од здружението, продолжување на македонскиот отпор.

Протестите ќе започнат во 10 часот, кога всушност започнува и собраниската седница на која ќе се расправа за уставните промени. Организаторите најавуваат протести секој ден од 10 до 14 часот, сè додека не се исполни барањето за поднесување оставкана актуелната власт.

Од здружението најавија и организирање мораториумски народен собир и демонстрации пред Јавното обвинителство.

Фото: Илустрација

поврзани објави

Последни објави