13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Жената родена во овој знак е сон на секој маж, но една работа нема да ви ја прости никогаш

Великодушна, храбра, сензуална, упорна, љубезна, верна, поштена, темпераментна, горда, полна со ентузијазам – тоа е жена родена во знакот Лав. Со овој хороскопски знак владее Сонцето, центарот на вселената, па така и Лавицата сака да биде во центарот на внимание. Таа има авантуристички и силен дух, а благодарение на нејзината интелигенција, креативност и амбициозност таа секогаш ги остварува своите цели.

На Лавицата и е потребен силен маж кој нема проблеми со самодоверба. Врската мора да биде динамична, полна со заеднички и забавни активности поради тоа што не поднесува монотонија. Сексот и доста важен и е најдобар начин партнерот да и покаже колку е посакувана За неа во сексот нема табуа, сака да проба се, а подеднакво и се важни и сопственото и задоволството на партнерот. Најдобри партнери за љубов и секс и се Близнаците, Стрелците, Вагите и Рибите.

Великодушната Лавица на своите пријатели им дава многу, но очекува да и се врати во иста мерка. Верна е и толерантна, а ќе ви прости се освен предавство. Изглед Шарлиз Терон е типичен претставничка на жените родени во овој знак. Коса како гривата на лавот, изразени црти на лицето, продорен поглед, широко чело и мали уши се физички карактеристики по кои Лавицата е препознатлива. Секогаш делува гордо и урамнотежено. Својот изглед сака да го украси со накит и други модни додатоци.

Нејзините бои се кралски: златна, портокалова и жолта. Сака фини материјали како што се свила и кашмир. Нејзините парфеми се силни, сладок мирис со ноти на кајсија и јасмин. Познати лавици Во овој знак се родени некои од најголемите диви од светот на музиката и филмот: Мадона, Џенифер Лопез, Хали Бери, Шарлиз Терон, Ким Катрал…

поврзани објави

Последни објави