Стабилното и топло време ќе се задржи до сабота, а за недела се најавува облачно време со дожд. Веќе од понеделник ќе има драстично опаѓање на температурите за неколку степени.
Времето до крајот на оваа недела ќе се задржи суво, стабилно и релативно топло време. Утринската температура ќе се движи околу два, а дневната максимална до 28 степени.
Следната недела, метеролозите најавуваат конечен крај за летото и настапување на есента, бидејќи температурите веќе нема да се покачуваат на ниво како досега.
Утринската ќе се движи од два до осум степени, а максималната дневна од 11 до 18 степени.