2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Горан Алачки во љубов со водителката Марина Дојчиновска

Музичарот Горан Алачки веќе не ја крие врската со водителката Марина Дојчиновска, која е ТВ лице од неколку локални и национални телевизии.

Маестро на хармоника и Дојчиновска уживаат во Бразил, каде што Алачки повеќе пати има одржувано музички работилници. Со фотографии на кои се гледа дека се вљубени, Горан и Марина се пофалија на социјалните мрежи од познатата бразилска плажа Копакабана.

Алачки е поранешен сопруг на Адријана, позната пејчка и автор на емисијата „Вкусот на традицијата“, претседател на здружението на готвачи ,“Гастромак“.

„ Ние останавме добри пријатели и по разводот. Сѐ уште живееме во иста зграда и заеднички се грижиме за децата“, изјавија Алачки по разводот. Адријана и Горан ги имаат децата Благоја и Грациела, која се омажи за музичарот Игор Димовски, поранешен ученик на Горан Алачки. Грациела и Игор пред две ипол години ја добија ќерката Јана.

Извор: Женски магазин

поврзани објави

Последни објави