Среќен роденден на Република Северна Македонија! Честитки до Зоран Заев и до сите што се бореа за овој историски момент, напиша на англиски премиерот на Република Албанија, Еди Рама, по денешното изгласување на пристапувањето кон уставни измени во македонскиот парламент.
„Нова врата кон иднината се отвори денес за нашите два народи во Република Северна Македонија“, додаде тој потоа на албански јазик во истиот твит, прерано прекрстувајќи ја земјава, која сè уште треба да помине уште неколку фази до официјалното менување на името.